Шон Комбс, попознат како раперот Паф Диди или Пи Диди, е уапсен во Њујорк, а неговото апсење го привлече вниманието на целиот свет. Тој фрли сенка врз многу славни личности кои биле на неговите забави и знаеле што прави тој, а не кажале.
Познатиот музичар е уапсен за неколку незаконски дејствија, односно обвинет е за рекетирање, сексуална трговија и организирање превоз за претходно наведеното. Ова се само дел од кривичните дела кои досега и се познати на јавноста.
Се започна кога поранешната партнерка на Диди, пејачката Касандра Вентура, позната како Кеси, поднесе тужба против раперот на 16 ноември 2023 година.

Кеси го обвини Диди дека физички ја малтретирал за време на нивната врска, која заврши во 2018 година.
Таа исто така изјавила дека раперот ја контролирал и малтретирал веднаш откако го запознала во 2005 година кога имала само 19 години. Таа тврдеше дека ја тепал, ја принудувал да се дрогира и ја принудувал на секс со машки проститутки додека тој ги снимал.
„По многу години молк, конечно сум подготвена да ја раскажам мојата приказна и да зборувам во мое име и во корист на другите жени кои се соочуваат со насилство и злоупотреба во нивните врски“, изјави тогаш Кеси.
Сепак, само два дена подоцна раперот и пејачката се спогодија. Кеси тогаш изјави:
„Одлучив да го решам ова прашање со договор под услови да имам одредено ниво на контрола. Сакам да им се заблагодарам на моето семејство, публиката и адвокатите за нивната непоколеблива поддршка“ – изјави Кеси за Њујорк Тајмс, а изјава даде и Пи Диди.
„Одлучивме да го решиме ова прашање со договор. На Кеси и на нејзиното семејство им посакувам се најдобро. Со љубов – изјави Пи Диди.
Бенџамин Брафман, адвокатот на Диди, изјави за Би-Би-Си за тужбата дека поранешната девојка на раперот бара отштета од 30 милиони долари, заканувајќи се дека ќе напише книга за нивната врска која може негативно да влијае на неговиот имиџ.
Во јавноста се појави скандалозна снимка од надзорните камери, на која се гледа како славниот рапер физички ја напаѓа својата поранешна девојка Кеси во хотел во 2016 година.
На видеото до кое најпрво дојде Си-Ен-Ен, Диди може да се види без кошула, со крпа завиткана околу половината, како ја брка Кеси низ ходникот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фаќа за задниот дел од главата и ја соборува на земја.
Потоа ја удира со нога додека таа лежи мирна и ја одвлекува назад во нивната соба.
Оваа сцена се случила во хотелот Интерконтинентал. Два дена подоцна, парот се појави на црвениот тепих држејќи се за рака за премиерата на „The Perfect Match“.

Доколку Кеси не излезеше во јавноста со нејзиниот случај, прашање е дали воопшто во јавноста ќе излезеше сето ова што следи.
По обвинувањето на Кеси, властите започнале да „копаат“ во животот на рап магнатот, кога на површина излегоа валканите и незаконски активности со кои пејачот се занимавал подолго време.
Се појави и список на личности кои присуствувале на познатите „бели забави“ организирани од него.
На забавите присуствувале многу големи имиња од филмската и музичката индустрија, а некои од нив се: Џенифер Лопез – која се забавуваше со Диди помеѓу 1999 и 2001 година и била на повеќе од една забава, Парис Хилтон – редовна гостинка која присуствувала на овие забави. Тука се и Леонардо Дикаприо, Бијонсе и Џеј Зи, Хауард Стерн, Кели Озборн, Арета Френклин, Марта Стјуарт, Мараја Кери, Ник Кенон, парот Томи Ли и Памела Андерсон, младата Ким Кардашијан и многу други.


