Дуле беше склон кон некои работи, одеше со глава во ѕид. Пробавме се што можевме. Но ни јас психички не можев да издржам и на крај се раздвоивме – рече Коки вечерва во емисијата Еден на Еден, отворено зборувајќи за животот и времето поминато со Дуле.
– Беше многу интелегентен, играше на своја карта, знаеше многу луѓе, беше мангуп, го сакаа многу луѓе, а не беше свесен дека го сакаат. Сите пробавме сѐ да направиме, но тие што бевме најблиску до него бевме отфрлени. Не сакаше да разговараме за неговиот проблем. Поминавме плачење, смеење, гушкање… Одевме во сите можни болници, во странство… Сопственици на болници прашуваа што да направат, но мислам дека беше кратко времето. Тој реши до крај да остане со алкохолот. Се враќаше секогаш, не влијаеше ништо на него. До последен момент сакаше така – вели Коки.

– На времето пиев многу повеќе од него. Не се сеќавам за дваесет години наназад. Секој ден трошевме многу на пиење. Советите биле бадијала. Мислевме утре пак ќе биде… Ама сето тоа се одрази на неговиот живот. Јас во 2007 година станав едно утро, имав една слика пред себе… Си реков доста е, затворив книгата… Веќе не може вака и расчистив со тој живот што не води никаде. Решив да го сменам животот… Магистрирав, се оженив, дете, се вработив… Уште свирам и функционирам, но се откажав од тој живот што го имав. Гледањето на работите е поинаку. Но Дуле продолжи. За него не беше сфатлива мојата одлука. Имавме и несогласување, дека се правам добриот. Му реков ќе свириме, но не можам ваков живот повеќе. Немав време да се осознаам кој сум и што сакам. Не ни спиевме… Пробавме и во Белград, Бугарија, Русија, Австралија…
– Престанавме да функционираме последната година-две. Но јас по свирка одев дома. Пак ќе кажам, беше многу паметен, но и многу горделив. Некои работи не сакаше да си ги признае сам на себе. Знаев дека идеше нешто лошо, но не знав кога и што. Се немавме видено два месеци. Тој ден го чекав другар ми да одиме да го видиме во болница. Но на пола пат ми се јави мајка му да ми каже… Лошо звучи, но бев подготвен дека ова ќе се случи. Иако се надевав дека пак ќе се избори за живот. Не му беше првпат да биде во болница – рече Коки.


