Колку и да сте отворени и искрени, овие три тајни мажот ќе ви ги премолчи

Сите знаеме колку е важен искрен и отворен однос во една врска. За ова помага добрата комуникација и зборувањето за се. Во тој случај има помалку несогласувања и криење на вистината. Сепак, мора да знаете едно – колку и да имате отворени разговори, мажите нема да сакаат да признаат одредени работи, ниту пак ќе бидат први кои ќе ги кажат, пишува пинк.рс.

Ако вашето копче за паника се вклучува во моментов, нема потреба бидејќи ова не се премногу сериозни работи. Но, тие едноставно ќе ги премолчат.
„Сакаме да гледаме во други жени“
Хм, јасно е дека имаат очи. Факт е дека мажите сакаат да гледаат во убава жена и да се свртат по неа. Тоа е вродена реакција, целосно надвор од контрола, и уште поважно – тоа е сосема неважно. Не го земајте при срце. Секој нормален маж има потреба да гледа во други жени, и се додека тоа е сè што е вклучено, навистина нема за што да се грижите. На крајот на краиштата, и ние жените сакаме да погледнеме убав маж.
„Одлично е што излегуваш со другарките“
Да, мажите знаат дека е во ред нивната девојка да излегува со другарките. Сакаат да поминуваат време сами – излегуваат со мажи, играат игри на компјутер. Но, тие повеќе би сакале да бидеш кај твојата мајка отколку со другарките на забава. Сепак, мало отсуство е добро. Ќе се сакате повеќе.

„Забележувам кога другите мажи те гледаат“

Забележавте дека човек кој поминува покрај вас ве измери, а вашиот сакан гледаше напред и не трепна на ова. Можеби понекогаш се преправаат дека не гледаат, но всушност снимаат сè и гледаат сè. Ова кај мажите предизвикува чувство кое е некаде помеѓу гордоста и љубомората.

Најчитани вести