Една неодамнешна студија од Универзитетот Харвард покажа дека јадењето само две порции црвено месо неделно може да го зголеми ризикот од развој на дијабетес тип 2, пишува republika.rs.
Што е порција од 70 грама црвено месо?
Оваа количина одговара на две дебели кришки сланина или еден и пол колбас. Исто така, во истата количина спаѓаат и пет парчиња шунка, пет лажици сварено мелено месо или половина јагнешки стек.
Иако црвеното месо може да биде добар извор на протеини, витамини и минерали, вклучувајќи железо, цинк и витамини од групата Б, исто така може да содржи премногу сол и заситени масти. Преработеното месо често содржи контроверзни конзерванси и хемикалии кои се додаваат за да се продолжи рокот на траење и да се подобри вкусот и изгледот.
Покрај ризикот од дијабетес, внесот на црвено и преработено месо е поврзан и со зголемување на телесната тежина. Дебелината е еден од најголемите фактори на ризик за развој на дијабетес тип 2.


