Комплетирано 8. коло во кошаркарската Евролига

Со натпреварите кои беа одиграни вчеравечер се комплетира 8. коло во кошарката Евролига.

Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб партиципираше со 8 поени во победата на Фенербахче Улкер на гостувањето во Москва против ЦСКА.

Грчкиот тим Панатинаикос и шпанската екипа Лаборал со победите против Црвена звезда односно Литвос Ритас го осигураа своето место во Топ 16 фазата.

Покрај овие два тима пласман во следната рунда имаат обезбедено и Фенербахче Улкер, Барселона, ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Олимпијакос, Макаби и Локомотив Кубан.

Резултати од вчерашните дуели во Евролигата:

Група А: ЦСКА Москва – Фенербахче Улкер 74:78  и Нантер – Барселона 74:78

Табела: Фенербахче Улкер 7-1 (победи-порази), Барселона 6-2, ЦСКА Москва 5-3, Нантер 3-5, Партизан 2-6 и Будивелник 1-7.

Група Б: Анадолу Ефес – Бамберг 78:89.

Табела: Реал Мадрид 8-0 (победи-порази), Анадолу Ефес 4-4, Емпорио Армани 4-4, Жалгирис 3-5, Бамберг 3-5 и Стразбур 2-6.

Група Д: Лаборал – Литвос Ритас 79:63 и Панатинаикос – Црвена звезда 69:63.

Табела: Макаби 6-2, (победи-порази), Локомотив Кубан 6-2, Лаборал 5-3, Панатинаикос 4-4, Црвена звезда 2-6 и Литвос 1-6.

Најчитани вести