Користат ракија за се, возат како да ќе се самоубијат: Холанѓанка дошла да живее во Македонија и се шокирала

– Тие целосно се менуваат кога влегуваат во автомобилот. Македонците во основа се многу љубезни луѓе, но возат како да ќе се самоубијат. Јас дури не ни претерувам за ова. – Тротоарите се користат за паркирање, наместо за одење. И никогаш не возете на десната страна, бидејќи е наменета за автобуси и коли кои застануваат овде. Или пак, возат наназад на булевар… да, и ова е возможно во Македонија. – Не служете им торта на почетокот од роденденската прослава. Овде, тортата се служи на крајот од роденденот и откако гостите ќе ја изедат тортата, си одат дома. Во Холандија тоа е всушност обратно. – Кога Македонците ќе ве поканат во своите домови, секогаш носете закуски, слатко или солено, дури и кога одете кај ваши пријатели. Тоа е како некое непишано правило на благодарност за гостопримството. – Бурек и јогурт се смета за добар појадок, според Македонците. – Немојте да се изненадите ако постарите генерации можат да разберат шпански. Порано гледале многу шпански серии и го научиле јазикот. Во денешно време, се чини дека сите гледаат турски серии, кои сериозно се многу лошо синхронизирани. – Речиси 40 отсто од населението во Македонија ги троши последните пари за обложување на спорт. Можете да најдете околу 800 обложувалници, што е лудо, бидејќи само два милиони луѓе живеат овде! (living-abroad.net)]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести