Кошаркарски турнир за лица со физичка попреченост

Во рамки на Европската недела на кошарка за лица со попреченост, синоќа, под мотото „Кошарка за сите“ во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид се одржа кошаркарски турнир за лицата со физичка попреченост од градот. Претседателот на Здружението на лица со телесен инвалидитет, Венко Голабоски, изрази благодарност до управата на СРЦ „Билјанини извори“ за организацијата на манифестацијата и укажаната почит кон таа категорија граѓани.

– Многу сме среќни и задоволни што ни овозможивте преку овој турнир едно прекрасно дружење со лицата од сите здруженија на лица со попреченост, во пресрет на меѓународниот ден на лица со хендикеп, изјави Славица Стефаноска, претседател на Здружението за глуви и наглуви.

Од управата на „Билјанини извори“ најавија дека соработката со здруженијата на лица со попреченост и Јавното претпријатие ќе продолжат и во иднина со организација на слични настани.

Најчитани вести