Кошта: За косовските политички лидери европските интеграции треба да бидат приоритет

Претседателот на Европски совет, Антонио Кошта, по средбите со косовските претставници во Приштина, изјави дека политичките лидери европските интеграции на Косово треба да ги постават како приоритет „над политичките поделби“.

Кошта на платформата Икс објави дека неговата порака, пред вонредните парламентарни избори на 7 јуни, била дека „партнерството носи и одговорност“.

На Косово и се потребно силни, стабилни и функционални институции, способни да спроведуваат реформи, да ги искористат можностите што ги пружа Европска Унија и да ги исполнат сите обврски што произлегуваат од Дијалогот Белград – Приштина, потенцира Кошта.

Тој во Приштина се сретна со вршителката на должност претседателка на Косово, Аљбуљена Хаџиу, техничкиот премиер Албин Курти и претставниците на политичките партии.

МИА

Најнови вести

Најново од Балкан

Најчитани вести