„Некоректна е комуникацијата дека Владата ги дели општините врз основа на тоа од која партија доаѓа градоначалникот. Во моментот се реализираат проекти од програмата ТАВ од сите општини. Нема исклучок дали општините ги водат градоначалници од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ“ кажа градоначалникот на Валандово и потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов во „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека и повиците кои ги објавува Министерството за транспорт и врски не прават разлика од која партија е градоначалникот.
„Енергетската криза е голем проблем со кој се соочуваат сите општини. Ние имаме проблеми и мораме заеднички да реагираме. Треба нашите ресурси добро да ги менаџираме, но тука е и Владата на располагање, за да ги пружиме неопходните услуги на граѓаните“ кажа Костадинов.
Тој додаде дека е неспорна помошта на Владата кон граѓаните и стопанството и додаде дека општините мора заеднички да седнат и конструктивно да ги решаваат проблемите.
]]>


