Костадиновска Стојчевска: Искреното и посветено пријателство на САД кон Северна Македонија добива уште една потврда

Искреното и посветено пријателство на САД кон Северна Македонија добива уште една потврда.

Сојузната држава Мичиген во којашто живеат најголем број Македонци е прва која го започна одбележувањето на септември како месец на македонско-американското наследство, иницијатива којашто со резолуцијата на сенаторот Брон до американскиот Конгрес треба да биде прифатена како сојузна.

Голема гордост и признание е да се слуша за нашите Македонци во Америка кои се етаблирани и прифатени како заедница којашто е енергична и вградена во американскиот мозаик, заедница која учествува во сите сфери на животот, во културата, бизнисот, медицината, правото, технологијата, граѓанскиот сектор, владата, војската, образованието, новинарството, уметноста, кулинарството, спортот и во други области.

До тука, до македонско тло се слуша повикот од Мичиген да се слави месецот на македонско-американско наследство. Со нетрпение очекуваме да стигнат вести за програмите и активностите со кои цел септември ќе се слави македонската култура и придонесот на Македонците во мозаикот на култури во САД.

Следниве денови ќе бидеме горди и на пораките и честитките кои американските пријатели ќе ги упатуваат до сите македонски граѓани ширум светот во пресрет на одбележувањето Денот на независноста на Македонија.

-Фејсбук статус на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести