„Минатата година, во услови на најголема криза, Северна Македонија имаше рекордна реализација на капитални инвестиции од 465 милиони евра, што е за 60 отсто повеќе од 2014 година која што сите заради нејзината популарност ја сметаат за година на најголеми инвестиции. Значи сите споменици кои ги гледате овде, целиот овој стиропор е помала инвестиција од она што го направивме минатата година во текот на најкризната година“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на Самитот на Македонија 2025 – „Просперитетни економии преку дигитализација и стратешко лидерство“.Тој додаде дека разликата помеѓу инвестициите сега и инвестициите тогаш е што во тоа време за едно евро инвестиција се трошеа четири евра за реклама на ТВ.„Само во последните три години, во услови на здравствена, економска и енергетска криза вредноста на капиталните инвестиции изнесува 1,1 милијарда евра. Пред нас е изградбата на коридорите 8 и 10-д Северна Македонија влегува на карта на Европа и ќе ја направат земјата вистинска крстосница и која што навистина ќе направат да бидеме интерсекција на 2 важни коридори“ рече Ковачевски.Премиерот додаде дека со изградбата на овие коридори, кои ќе чинат 1,3 милијарди евра, над 650 милиони евра ќе се влеат во нашата македонска економија, бидејќи според договорот 51 отсто од средствата треба да бидат распределани на македонски подизведувачи.„Економските импликации од реализација на овој проект се повеќекратни. Тие ќе значат нови вработувања и нови пари од буџетот за инвестиции што ќе има влијаание врз БДП. Директна поврзани нови вработувања, согласно физибилити студијата се 3000 нови работни места, но дополнително се очекуваат и 5000 нови вработувања во индиректни дејности кои нормално ќе бидат логистика на овој голем инфраструктурен проект, што се вкупно околу 8000 работни места во државата“ рече Ковачевски.Тој додаде дека самата инвестиција од 1,3 милијарди евра за проектот, за период од пет години, ќе значи и номинално зголемување од два отсто на БДП на годишно ниво.
„Минатата година, во услови на најголема криза, Северна Македонија имаше рекордна реализација на капитални инвестиции од 465 милиони евра, што е за 60 отсто повеќе од 2014 година која што сите заради нејзината популарност ја сметаат за година на најголеми инвестиции. Значи сите споменици кои ги гледате овде, целиот овој стиропор е помала инвестиција од она што го направивме минатата година во текот на најкризната година“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање на Самитот на Македонија 2025 – „Просперитетни економии преку дигитализација и стратешко лидерство“.
Тој додаде дека разликата помеѓу инвестициите сега и инвестициите тогаш е што во тоа време за едно евро инвестиција се трошеа четири евра за реклама на ТВ.
„Само во последните три години, во услови на здравствена, економска и енергетска криза вредноста на капиталните инвестиции изнесува 1,1 милијарда евра. Пред нас е изградбата на коридорите 8 и 10-д Северна Македонија влегува на карта на Европа и ќе ја направат земјата вистинска крстосница и која што навистина ќе направат да бидеме интерсекција на 2 важни коридори“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека со изградбата на овие коридори, кои ќе чинат 1,3 милијарди евра, над 650 милиони евра ќе се влеат во нашата македонска економија, бидејќи според договорот 51 отсто од средствата треба да бидат распределани на македонски подизведувачи.
„Економските импликации од реализација на овој проект се повеќекратни. Тие ќе значат нови вработувања и нови пари од буџетот за инвестиции што ќе има влијаание врз БДП. Директна поврзани нови вработувања, согласно физибилити студијата се 3000 нови работни места, но дополнително се очекуваат и 5000 нови вработувања во индиректни дејности кои нормално ќе бидат логистика на овој голем инфраструктурен проект, што се вкупно околу 8000 работни места во државата“ рече Ковачевски.
Тој додаде дека самата инвестиција од 1,3 милијарди евра за проектот, за период од пет години, ќе значи и номинално зголемување од два отсто на БДП на годишно ниво.


