На средбата беше разговарано за повеќе актуелни теми со фокус на соработката меѓу двете соседни земји, иницијативата Отворен Балкан и процесот на евроинтеграции.

Претседателот Ковачевски изрази уверување дека досегашната соработка помеѓу двете земји дополнително ќе се интензивира преку иницијативата Отворен Балкан и дека двете држави наскоро ќе ги започнат преговорите со Европската Унија, бидејќи тоа го заслужуваат откако претходно ги исполнија сите потребни предуслови.

„Република Северна Македонија и Република Албанија како соседни пријателски земји, делат исти вредности и имаат заедничка иднина. Таа заедничка иднина е во ЕУ и убеден сум дека наскоро и двете земји ќе ги започнат преговорите за членство во Унијата, затоа што и Северна Македонија и Албанија досега исполнија се што од нив беше побарано, сега на ред е ЕУ.“ истакна Ковачевски.
Во однос на билатералната и регионална соработка, претседателот Ковачевски истакна дека иницијативата Отворен Балкан е важен чекор кон унапредување на соработката меѓу државите, носи нови можности за економски раст и развој, но дека тоа не е алтернатива за членството во ЕУ но може да биде од сериозна помош при пристапувањето во Унијата.

Ковачевски најави интензивирање на инфраструктурите проекти на Коридорот 8 што ќе обезбеди подобро поврзување на Северна Македонија и Албанија.
Претседателот на Албанија Илир Мета истакна дека очигледен е напредокот што Северна Македонија го постигнала во изминатите неколку години, го поздрави концептот „Едно општество за сите“ кое е уникатен пример во регионот истакна дека започнувањето на преговори на Албанија и Северна Македонија не само што е важно за двете земји, туку тоа е во интерес на целиот регион на Западен Балкан.
]]>


