Премиерот Димитар Ковачевски денеска на својата страница на Фејсбук објави дека телефонски разговарале со претседателот на Украина Володомир Зеленски.
„Во денешниот телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја пренесов во мое лично и во име на граѓаните поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина“, напиша Ковачевски и истакна дека како НАТО членка ќе продолжиме со поддршката и помошта за Украина.
Ковачевски рече дека особен фокус во разговорот со Зеленски посветиле на развојот на настаните на воениот фронт и улогата која ОБСЕ може да ја има во можностите за прекин на војната.
„Му пренесов на претседателот Зеленски дека како премиер на земја претседавач со ОБСЕ во план е посета на Украина“, истакна Ковачевски.


