Кожув домаќин на Галил Гилбоа во БИБЛ лигата

Кошаркарите на Кожув вечерва со почеток во 19 часот го играат натпреварот против балканскиот шампион Галил Гилбоа во рамките на БИБЛ лигата. Гевгеличани имаат четири победи во досегашниот тек од ова натпреварување. Екипата од Израел во вторникот играше со вториот македонски претставник Куманово и загуби по продолжение.

Кожув со евентуална победа ќе има шанса да избие на првото место на табелата.

Покрај овој дуел денеска се игра и натпреварот Балкан – Крајова.
Табела: Куманово 4-1 (победи-порази), Сигал Приштина 4-1, Кожув 4-1, Левски 3-2, Галил Гилбоа 2-2, Крајова 2-2, Балкан 1-3, Теодо 1-5, Пеќ 0-0.

Најчитани вести