Кошаркарите на Кожув остварија победа на вториот натпревар од 11.коло од Првата лига откако синоќа во Гевгелија ја совладаа екипата на Пелистер Спорт со 76:66. Со овој триумф гевгеличани избија на првата позиција на табелата со еден натпревар повеќе од Работнички. За тимот од Битола (Пелистер) ова беше десетти пораз на исто толку натпревари. На првиот дуел од 11.коло Струмица го победи Фени Индустри 80:72. Вечерва се игра натпреварот Вардар Апаве – Куманово, додека утре играат Лирија и Карпош Соколи.
Табела: Кожув 9-1 (победи-порази), Работнички 8-1, Лирија 7-2, Куманово 6-3, Струмица 5-5, Фени Индустри 3-7, Карпош Соколи 2-6, Вардар Апаве 2-7, Пелистер Спорт 0-10.


