Кралицата Елизабета конечно ja запозна со правнуката која го носи нејзиното име. Лилибет, осуммесечната ќерка на принцот Хари и Меган Маркл, ѝ „одговорила“ на повикот на својата прабаба преку апликацијата „Zoom“, тврдат извори блиски до Кралицата, која деновиве прослави седум децении на британскиот трон.
Упатените велат дека е малку веројатно дека средбата ќе се одржи и во живо, освен ако Хари и Меган не најдат решение за нивните проблеми со службите за безбедност. Но, ако Хари сака да го донесе семејството во Лондон за да го прослави платинестиот јубилеј, неговата баба веројатно би можела да се погрижи за тоа.
Хари и Меган ја покажаа својата ќерка за прв пат пред новогодишните празници, со семеен портрет што го воодушеви светот.