Кривична пријава против две лица од Битола за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори

Криминалистичката полиција на СВР Битола поднесе кривична пријава против битолчаните Д.А.(38) и М.О.(34) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека на 16.03.2023 од фабрика за производство на канабис за медицински цели во село Кравари, битолско, во која првопријавениот бил управител, со патничко возило изнеле марихуана. При извршен претрес во фабриката, пак, било констатирано дека во сефот имало вреќи со вкупно 70 килограми марихуана со различна тежина

Најчитани вести