Кривична пријава за кражби во Аеродром

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.М. (33) поради основано сомнение дека извршил две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“  за што  од страна на судија во претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Кривичните дела пријавениот ги извршил во период од 13.12.2013 до 13-ти овој месец на подрачје на  Полициската станица  Аеродром. На оштетените им приоѓал од зад грб и со употреба на физичка сила во првиот случај одзел женска чанта (во која имало златно ланче, мобилен телефон, паричник со пари и други лични документи), а во вториот случај мобилен телефон и паричник со пари и лични документи.

Припадници на единицата „Алфа“ го привеле Б.М. по втората кражба кога се качил во такси возило и се упатил кон Скопски саем. Второто кривично дело го признал, а првото го негирал.

Со потврда за привремено одземени предмети од Б.М. се одземени предмети од второто кривично дело и вратени на сопственичката, а по консултација со дежурен  јавен  обвинител извршено е класично непосредно препознавање од  првооштетената која со сигурност го препознала   Б.М. како сторител на првата дрска кражба. Пријавениот е регистриран сторител на кривично дело по чл. 215 – „недозволена трговија со дрога“, за што е осуден на три месеци казна затвор, соопшти МВР.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника