СВР Скопје со кривична пријава го предаде М.Ф. (25) до Основното јавно обвинителство поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“.
На 19-ти февруари годинава околу 18:30 часот, полициски службеник кој со двајца приправници извршувал службени дејствија, на раскрсницата на улиците „Христо Татарчев“ и „Божидар Аџија“ пред „Шпаркасе банка“, запрел патничко моторно возило „Фолксваген голф“ кое сторило сообраќаен прекршок. По проверката на документите, полицаецот констатирал дека сообраќајна дозвола за возилото е со истечена важност. Ф.М. извадил 500 денари и му ги понудил за да не му пишува казна. Полицискиот службеник го предупредил дека тоа е кривично дело, но Ф.М. му ги ставил парите во сообраќајната дозвола, која била во рацете на полицискиот службеник, по што веднаш бил лишен од слобода и доведен во Полициската станица Кисела Вода.
Со спогодба Ф.М. е осуден на една година затвор, условно за три години. Издаден му е и платен налог во висина од 500 евра, во денарска противвредност.
]]>


