СВР-Скопје поднесе кривична пријава против скопјаните М.Х. (24) и Б.Р. (44) поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела „тешка кражба во ПМВ“, за што од страна на судија во претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од по осум дена.
Кривичните дела пријавените ги извршиле во временскиот период од 12 до 14 овој месец на подрачје на полициската станица во Центар. Ги кршеле стаклата од предната десна страна на возилата и со протнување рака во возилата одзеле чанта во која имало клучеви, мобилен телефон и други документи, а во вториот случај женска чанта во која имало паричник со пари и лични документи, како и мобилен телефон.
Првото кривично дело го извршил Б.Р. а во тоа време М.Х. го чекал во автомобил „Тико“, а за втората кражба ги замнеиле улогите. И во двата случаја при извршување на кривичните дела, сторителите биле забележани од случајни минувачи.
М.Х. и Б.Р. се регистрирани сторители на кривични дела од областа на имотните деликти.
]]>


