Вчера во 11,30 часот на м.в.Венци, атар на с.Арилево, крушевско, од страна на полициски службеници, пронајден е починат Р.С.(84) од Крушево, кој бил пријавен за исчезнат на 02 септември.
Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Крушево, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.


