Кумата Северина не се појавила на свадбата на Тони Цетински

Тони Цетински и неговата сопруга Дубравка Дујак на својата венчавка пристигнале со Хамер, а пред хотолот ги пречекал тамбурашки оркестар со песната „Доџи у Винковце“.

-Денес ја славиме љубовта. Никогаш не сум бил посреќен. Од почетокот се ни тргна на добро. Од трите настани што ќе ги имаме по повод нашето стапување во брак, оваа ми е омилена, бидејќи е народна, изјавил Тони за локалните медиуми.

На свадбата присуствувале само 80 членови на семејството, бидејќи Зденка, мајката на Дубравка предоцна ги поканила своите гости.

-За нас вообичаено е за свадбата да се покани најмалку еден месец однапред. Покани немаше, а Зденка три дена пред прославата канеше гости по телефон, вели еден од пријателите на Дубравка.

Од планираните не се појавила ниту кумата, пејачката Северина. Причината не е славонскиот обичај според кој младоженецот мора да има кум, а невестата кума, туку, како што изјавил нејзиниот менаџер, Северина си го повредила коленото.

Нејзиното место во салата го заменил Матео, помладиот брат на Тони.

Тони и Дубрвка се венчале пред десетина дена во Лас Вегас. Покрај таа, и оваа традиционална венчавка во Винковце, ќе имаат уште една журка по повод свадбата во Загреб.

Иако ова му е трет брак, Цетински верува дека љубовта со Дубравка ќе трае засекогаш.

]]>

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести