Како што рече Петличковски одговорајќи на новинарски прашања по редовната седница на Комисијата, во јануари починале 382 лица од кои 233 невакцинирани и околу 150 вакцинирани, но повеќето само со втора доза примена пред повеќе од шест месеци.
-Според бројките од 1 до 31 јануари, од 382 починати 233 се невакцинирани, а околу 150 и нешто се вакцинирани, но најголем дел од вакцинираните се вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза. Околу 30-тина, пак, биле вакцинирани во рок помал од шест месеци, информира Петличковски.

Тој претходно, на прес-конференцијата, истакна дека епидемиолошката состојба во земјава е подобрена, но се уште не може да се каже и дека е добра. Посочи дека е зголемен бројот на нови случаи меѓу децата од шест до 14 години и уште еднаш апелира до граѓаните да примат трета доза вакцина.
МИА
]]>


