Кузеска: Преку социјален дијалог ќе се стигне до најдоброто решение за растот на пензиите

„Не би лицитирала со бројки околу тоа колку ќе се покачат пензиите, ниту каква би била методологијата. Преку социјален дијалог со здруженијата на пензионерите, партијата на пензионери и сите засегнати страни, како и за минималната плата, ќе се утврди најдоброто решение за растот на пензиите“ рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Таа додаде дека целта е да се помогне најмногу на граѓаните со најниски примања и поради тоа тие со најниски пензии ќе имаат поголемо покачување.

Во врска со предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и лицитацијата со бројки за тоа колку би пораснале пензиите, Кузеска додаде дека во преговори не треба да се влетува со паушални бројки.

„Во времето на ВМРО-ДПМНЕ пензиите и минималната плата растеа пред избори. Сега тие растат поради потребите на граѓаните. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ носеше нешто за наводен интерес за граѓаните имало предвремени парламентарни избори“ изјави Кузеска.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести