Лајм: „Јазикот на Александар“ ќе се воведе во наставниот процес?

Со завршувањето на проектот „Скопје 2014“, најверојатно нема да заврши процесот на антиквизација во Македонија. Се најавува нов чекор – воведување на “античкиот македонски јазик” во наставниот процес, односно „јазикот на Алескандар“, тврдат за “Лајм” добро упатени извори.
„Подготовката на овој процес беше при крај, но се прекина со апсењето на Паско Кузман. Сигурно ќе продолжи и во иднина”, изјавиле изворите на „Лајм“. Тие објасниле кои чекори ќе се преземат за воведување на овој предмет во наставниот процес.
„На почеток изучувањето на ‘јазикот на Александар’ ќе се воведе на факултетите, со цел за да се создадат кадри кои потоа тој предмет ќе можат да го предаваат и во средно и во основно образование. Со текот на времето, присуството на овој предмет ќе биде се поголем во образовниот процес“.
Меѓутоа се поставува прашањето: Кој бил „јазикот на Александар”. За албанските историчари нема дилема – неговиот јазик бил илирскиот, од кој потекнува албанскиот јазик. Меѓутоа тие не ја исклучуваат можноста под терминот „јазикот на Александар“, македонските „античари“ да го подразбираат старогрчкиот јазик, кој Александар го научил уште во детството од Аристотел.
Извори во Владата немале коментар за овие информации, тврдејќи дека таков предлог не бил спомнат ни официјално ни неофицијално на владина седница, и дека тоа е повеќе прашање за кое е надлежно Министерството за образование.

извор: Лајм

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести