ЛајТме (ВИДЕО): Ховит зеде залет

Во новата епизода на лајТме, што се емитува на порталот „Алмакос“, ќе гледате:

Почитувани љубители, вие што имате вкус не оставате лајТме да не го видите. Во оваа епизода ќе гледате: Каков залет зеде Ховит, кој и како го пречека; зошто нема веќе избори на Балканот; и како така и која е таа тактика да се живее без политика. Следете не!
Како и секогаш, во лајТме не зборуваме на ѓутура, па затоа почнуваме со добри вести од култура. Оставете ги тие што велат дека некој театар тргнал на пат играјќи претстави во секој град. Овде се вистинските вести, кога се работи за културата. Така за првпат во земјава и регионов, па дури и пошироко, во едно основно училиште одржана е изложба на графити. На оваа изложба сите важни луѓе биле во мирна положба. Еве ние обезбедивме ексклузивна фотографија од оваа импресивна глетка. До нашата редакција стигна едно писмо и вели: Штом сте почнале да се бавите со култура и војници еве ви една песна, за работата да ви е лесна.

Видео-материјалот има целосен превод на македонски јазик. Кога на Јутјуб ќе почне прикажувањето, стиснете на копчето „сс“ под него и изберете македонски јазик.