Ламборџини ќе прослави уште еден роденден со посебен автомобил.
Како што во 2013 година, за 50-тиот роденден, го претстави специјалниот автомобил „Egoista“, сега доаѓа неговиот наследник – моделот „Huracan“. За да бидат работите уште поинтересни, овојпат се работи за авантуристичката верзија „Sterrato“, со која сопственикот може да оди и на теренски патувања.
Името на славеничкиот медел е „Opera Unica“ и го носи потписот на одделот „Ad Personam“ на Lamborghini. Посебната карактеристика на овој автомобил е надворешноста, односно начинот на кој е обоен, инспириран од Сардинија, синилото на морето, но и небесните пространства.
За овој роденден изненадувањето е што новиот модел ќе оди на продажба. Иако „Egoista“ не беше пуштен на пазарот, „Huracan“ најверојатно ќе биде, но не се знае точно како. Моделот можеби ќе биде понуден на аукција, и ќе биде дел од серијата Sterrata од 1.499 единици.


