Ледена бура во Тексас, двајца загинати: Училиштата затворени, повеќе од 1.700 летови откажани

Повеќе од 1.000 летови се откажани или одложени во Тексас како и на Меѓународниот аеродром „DWF“ во Далас, додека аеродромот „Southwest Airlines“ во oвој град откажа повеќе од 560 летови и одложи околу 350, пренесе Ројтерс.

Кај локалните власти се пријавени проблеми со снабдувањето со електрична енергија, а околу 7.000 корисници пријавиле целосен прекин на електричната енергија, изјави гувернерот на Тексас.

Тој додава дека мразот на далноводите или паднатите дрвја го предизвикало снемувањето на електрична енергија, а не намалување на работата на погоните за производство.

Во сообраќајна несреќа во Тексас, најмалку две лица загинале, а уште две се тешко повредени, вклучувајќи и едно кое било приклештено под камион, соопштија локалните власти.

Метеоролошката служба издаде предупредување за ледена бура за поголем дел од Тексас и делови од југоисточна Оклахома.

Во голем дел од Арканзас и Тенеси и во поголем дел од Кентаки, Западна Вирџинија и јужните делови на Индијана и Охајо, е во сила зимското временско предупредување, пренесува Танјуг.

Метеоролозите предупредуваат на нови бранови на врнежи од снег, кои се очекуваат денеска. Училиштата и колеџите во Тексас, Оклахома и Арканзас се затворени од вчера, а студентите се префрлија на онлајн настава.

Извор: Telegraf.rs

Најчитани вести