Пејачката Лејди Гага е позната по нејзините ексцентрични модни комбинации и беспрекорната фризура и шминка. Овој пат, таа пред своите фанови на Инстаграм се покажа во поинакво светло, без грам шминка на себе и топлес.
Пејачката објави кратко видео во кое позира без шминка и со пуштена коса. Гага сама го снимала видеото, а градите си ги покрива со раката.
-Нека Вашите срца светат како сонце – напиша Гага во описот на објавата, што ја погледнале над 11 милиони корисници за еден ден.
Фановите не заборавија да ѝ напишат многу пофални збоови во коментар.
„Вие сте природна убавица. Какви веѓи!“, прокоментира еден нејзин обожавател, а многумина се согласија дека Гага изгледа подобро од било кога.
Видеото погледнете го на следниот линк.
]]>


