Лепа Брена: Хирургот ме погали по задникот

Популарната пејачка во последно време имаше неколку повреди, но една незгода засекогаш ќе и остане во сеќавање.

Лепа Брена кон крајот на јули 2014 година ги скрши двете раце на одморот во Хрватска, после што е оперирана. Тогаш до незгода дошло кога во хотелот во апостолки тргнала на појадок и се спрепнала од чадорот за сончање.

Штотуку закрепнала, па тогаш на Брена и се случила уште една непријатност. Пејачката во текот на семејниот одмор на Златибор го скршила лактот. Откако ја прегледале лекарите во Белград, одлучено е пејачката да носи гипс извесно време.

Меѓутоа, падот кој засекогаш ќе и остане во сеќавање е оној од снимањето на филмот „Ајде да се сакаме“. Тогаш хирургот ја искористил приликата да и го допре задникот на една од најголемите ѕвезди на Југославија.

– Облеков бел костим за капење и високи потпеци, тогаш многу популарни со метални потпетици. Сакав да прескокнам три скали, потпетицата ми излезе од чевлите и паднав. Удрив со долниот дел на грбот. Потоа, брзо станав, за некој да не ме види, за да не ми се смејат. Мислев дека сум ја изгубила потпетицата, меѓутоа, таа ми се забила во бутот. Дојде хирургот и ми рече „Лепа Брена, сега тоа ние ќе го закрпиме“, и ме потапка по задникот – раскажала Лепа Брена за една српска емисија.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести