Членот на француската Лига 1, тимот на Лил сезонава игра одлично и во чекор ги следи „богатите“ ПСЖ и Монако, а главната причина за добрите резултати е несовладливата одбрана.
Овој тим по вчерашната победа над Марсеј со 1:0, веќе 1.035 минути нема примено гол. Последен пат голманот на Лил беше совладан на 15 септември на дуелот со Ница.
Рекордот на лигата го држи Бордо кој сезоната 1992/93 цели 1.176 минути немаше примено гол.
За да го собори ова достигнување одбраната на Лил ќе треба да остане не совладана на дуелот против Бордо на 8 декември и да издржи во првите 57 минути на средбата со Бастија на 15 декември.
Сезонава Лил е предводен од тренерот Рене Жирар. Во моментов е втор на табелата со 36 бодови (11 победи, 3 нерешени и 2 пораза), еден помалку од лидерот ПСЖ кој има и натпревар помалку. Гол разликата им е 12:2 на домашен терен и 6:2 на гости.


