Во најновиот број на магазинот „Убавина и здравје“, популарната македонска водителка Лила Филиповска отворено зборува за својата борба против канцерот на дојка.
Таа се оприрала во Турција, а за свој лекар го избрала д-р Фатих, онколог и хирург од „Меморијал хоспитал“ во Истанбул.
Како што раскажува водителката на „Сè или нешто“ за читателите на „Убавина и здравје“, операцијата траела пет часа, а во деновите додека чекала да ѝ ги извадат дреновите се шетала низ Истанбул со пријателка.
„Сите мислеа дека сум на шопинг, но јас бев на операција“, раскажува Филиповска.


