Венецуелскиот Ф1 пилот од наредната сезона ќе вози за тимот на Лотус, покрај Роман Грожан потврди британскиот тим во петокот.
По три сезони поминати во Вилијамс, со кои освои една победа (ГН Шпанија 2012) на трката којашто ја започна од пол – позицијата, Малдонадо ќе дојде на местото на Кими Раиконен кој наредната сезона ќе се врати во Ферари.
„Оваа прилика е фантастична за мене! икогаш не сум бил молчалив околу тоа дека сакам промена на околина за да напредувам во мојата кариера. Лотус ми пристапија со одлична понуда и многу сум возбуден за наредната сезона. Едвај чекам да се тркам во црно – златно“ – објасни Малдонадо.
Во 2010. година, Малдонадо ја освои шампионската титула во ГП2 серијата, а со победата на шпанското Гран При минатата година стана првиот Венецуелец кој победил на Ф1 трка.


