Louis Vuitton ги претстави новите чизми кои чинат 2.260 евра

Познатиот моден бренд „Louis Vuitton“ повторно ги поместува границите, а со својата нова колекција чизми ги собори сите од нозе. Понудата на овој француски бренд вклучува многу необични чизми кои имитираат нога, чорап и салонка во едно.

Станува збор за чизми „Илужен“, чиј горен дел изгледа како да сте облекле штикла на ребрест бел чорап, над кој се гледа гола нога. Овие моментално најнеобични чизми, кои донекаде наликуваат на обувки од виртуелниот свет, доаѓаат во два модели: високи до колена и пократка варијанта.

Овој модел од телешка кожа е направен во Италија за да ја направи оптичката илузија што е можно поубедлива. Мислењата за овие чизми се поделени. Додека некои тврдат дека тоа е најгрдиот модел на обувки LV во историјата, други веруваат дека се одлични за поместување на модните граници и дека благодарение на ваквите идеи, модната сцена никогаш не е здодевна.

За овој модел треба да се издвојат 2.260 евра, а цената е иста за двата модели.

Најчитани вести