Ултра-преработената храна е поврзана со смрт од различни форми на рак

Ултра преработената храна е направена од индустриски добиени состојки и често содржи адитиви за прилагодување на бојата, вкусот, конзистентноста, текстурата или продолжување на рокот на траење. Овде се вклучени, сосови, замрзнати пици, инстант суп, готови јадења, колбаси,виршли, помфрит, сокови, колачи, бонбони, крофни, сладолед и друго.

Ултра-преработената храна е направена од индустриски добиени состојки и често содржи адитиви за да се прилагоди бојата, вкусот, текстурата или пак да се продолжи рокот на траење, вели д-р Киара Чанг, истражувач во Националниот институт за здравје и нега при Факултетот за јавно здравје на Imperial College во Лондон.. Според неа, нашиот организам не реагира на ист начин на овие преработени состојки како што реагира на свежата храна.

Неодамнешната студија, објавена во eClinicalMedicine, ја опфаќа поврзаноста помеѓу користењето на ултра-преработена храна и 34 различни видови на рак во период од 10 години. Шемите на исхрана потоа биле споредени со медицински досиеја во кои биле наведени и дијагнозите за рак и смртните случаи.

За секое дополнителнo 10 отсто поголемо консумирање на ваква храна, ризикот од смрт од каков било рак се зголемувал за шест отсто, додека ризикот од смрт од рак на јајниците се зголемувал за 30 отсто, се вели во соопштението. Иако ваквата нова студија покажува само асоцијација на поврзаност други примери покажуваат дека намалувањето на ваквата храна може да придонесе за подобро здравје.

Најчитани вести