Љубов го запали Блискиот исток: Саудиска Јулија сака да се омажи за јеменски Ромео

Една млада жена од Саудиска Арабија денеска побара од судот на Јемен да ѝ дозволи да остане во земјата и да се омажи за човекот кого го сака, пркосејќи им на сите правила што ги имаат двете конзервативни држави.

Во приказната што медиумите ја споредија со Шекспировата драма „Ромео и Јулија“, Худа Ач Ниран (22) се спротивставила на своето семејство и избегала од дома, илегално минувајќи ја границата за да биде со своето момче.

Худа потоа го контактирала судот во Јемен, барајќи да ѝ дозволи да остане во земјата и да се ожени со Арафат Мохамед Тахар (25), а во исто време нејзините приврзаници протестирале пред судот во Сани, носејќи транспаренти на кои пишувало: „И ние сме Худа“

Оваа љубовна приказна, но и храброста на Худа, привлекле големо внимание и во Јемен и во Саудиска Арабија, при што избиле и протести пред судот во знак на поддршка за овој пар.

romea

Худа не се спротивставила само на своето семејство, кое ѝ забранило да се омажи за Тахар, туку се осмелила да побегне од својата земја и да му се прирдружи на својот сакан во Јемен.

Таа во судот одбила да ја застапува адвокат од Саудиска Арабија, стравувајќи дека ќе биде принудена да се врати дома, пренесе „Франс Прес“.

Наместо тоа, Худа го прифатила адвокатот што ѝ го избрала Јеменската невладина организација „Худ“.

Адвокатот Абдел Ракиб ал Кади, изјавил дека ова е хуманитарен случај и не смее да предизвика раст на тензиите помеѓу двете земји, додавајќи дека саудиските власти вршат притисок врз Сана Худа да ја вратат дома.

Таа е приведена и треба да ѝ се суди за нелегален влез во земјата. Ако биде проглаена за виновна, таа ќе биде протерана во Саудиска Арабија.

Следното рочиште е закажано за 1. декември, кога Високиот комесар за бегалци на Обединетите Нации (УНХЦР) ќе  одлучи дали ќе ѝ додели азил на Худа во Јемен.

Случајот на Худа го привлече вниманието и на организацијата за заштита на човековите права, „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ ). Тие ги предупредија властите во Јемен, дека ако Худа биде вратена во својата земја и своето семејство, нејзиниот живот е во опасност.

Најчитани вести