Разводот на Мелина и Харис Џиновиќ по 22 години љубов е главна тема во медиумите, а дизајнерката пред две години проговори за пропаѓање на бракот и призна дека тоа за неа би било како смрт.
Харис и Мелина Џиновиќ ја започнаа својата емотивна врска во 2002 година и имаат две деца, синот Кан и ќерката Џина, се венчаа 12 години подоцна.
Имено, разликата меѓу Мелина и Харис Џиновиќ е речиси три децении. Таа има 42 години и во ноември ќе наполни 43 години, додека Харис во септември ќе наполни 73 години. Освен тоа, Мелина во една прилика гостуваше во емисијата кај Гоца Тржан која се емитува на телевизијата К1, и тогаш зборуваше за бракот со Харис.
– Луѓето не треба да бидат заложници затоа што потпишале нешто. Мислам дека ако ми каже дека сака развод, нема да преживеам, нема да имам време да реагирам од шокот. Не размислувам за тие работи – изјави Мелина пред две години.
Инаку, љубовната приказна меѓу Харис и Мелина започна во 2002 година, кога дизајнерката била трета година на студии. Нивните емоции веднаш се разгореле, а иако не сакаат да зборуваат за приватниот живот, Харис во едно од ретките интервјуа призна дека „едноставно се нашле“, пишува српски Информер.


