Во периодот 30 Јуни – 02 Јули 2021 година учествував на 25-то Генерално Собрание на IOTA при што заедно со претставниците од 44 држави членки ги усвоивме основните извештаи и документи и ги избравме претседателството, членовите на извршниот совет, внатрешен ревизор и органи на организацијата.
Наредните три години оваа организација ќе биде предводена од г-ѓа Alix Perrignon De Troyes, која е прва жена, носител на оваа престижна функција.
Фокусот на техничката сесија на Генералното собрание на ИОТА беше насочено кон новите технологии за квалитетна размена на податоци за справување со затајување на данок како и нивна доверливост и заштита при трансфер и користење.
На Швајцарската федерална даночна администрација и на сите избрани им посакувам успеси за време на нивниот мандат. Голема благодарност и до Ивана Дончевска, за подршката што ни ја даде во врска со подготовката на нашето учество на Генералното Собрание, а која е упатен даночен службеник од УЈП на работа како експерт во ИОТА.
-Фејсбук статус на директорката на УЈП, Сања Лукаревска
]]>


