„Продолжуваме со македонска развојна економија. Поддршка на домашните и странските компании со 600 милиони евра, 300 милиони од буџетот и 300 милиони од европските фондови. Најавуваме една милијарда евра странски инвестиции за следните 4 години, базирани на иновации и одржливост. Невработеноста ќе ја намалуваме за 3% годишно, до едноцифрена стапка на крајот на мандатот. Обезбедуваме конкретни развојни мерки, грижа за секого. Парите ги враќаме кај граѓаните, ги зголемивме и платите и пензиите. Обезбедуваме раст на просечната и на минималната плата и во наредниот мандат. Со конкретни мерки ги помагаме компаниите и ги штитиме работните места на граѓаните. Инвестираме во младите да се развиваат и да се реализираат овде, дома“, рече Лукаревска.
„Го афирмиравме и го реализираме концептот за родова рамноправност 50/50. На кандидатските листи на СДСМ и на коалицијата МОЖЕМЕ подеднакво се застапени и жените и мажите, обезбедуваме родов баланс и во извршната власт, на 40% од функциите ќе бидат жени. Градиме едно општество за сите. За нас разликите се заедништво. На 15-ти во среда, излезете и гласајте да продолжиме по европскиот пат, да обезбедиме уште подобар стандард, правда за сите. Влада на ВМРО ДПМНЕ е Влада на опасност, гласајте за Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата „МОЖЕМЕ“, гласајте за добри политики, гласајте за сигурност“, порача Лукаревска.
]]>


