Нема ништо поубаво од домашна лутеница.
Состојки:
1,5 кг моркови една китка магдонос
100 гр печени лути пиперки 1 и пол главица лук
125 мл алкохолен оцет
250 мл загреано масло
1 лажица шеќер
1,5 лажици сол
малку конзерванс

Подготовка:
Морковот, лукот, магдоносот и пиперките излупете ги и сомелете ги во мелница за месо. Потоа додадете сол, конзерванс, шеќер, алкохолен оцет, масло и убаво измешајте. Оставете да отстои од 12 до 24 часа. После тоа, уште еднаш убаво измешајте, пробајте и посолете ако не е доволно солено. Пакувајте во мали тегли.


