МААЕ: Иранскиот реактор Хондаб е сериозно оштетен, повеќе не е во функција

Истражувачкиот реактор Хондаб во Иран е тешко оштетен од нападите и повеќе не е во функција, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) доцна синоќа.

„Врз основа на независна анализа на сателитски снимки и сознанија за инсталацијата, МААЕ потврди дека фабриката за производство на тешка вода во Хондаб, за која Иран објави дека била нападната на 27 март, претрпела сериозни оштетувања и повеќе не е во функција“, соопшти агенцијата на „X“.

„Инсталацијата не содржи деклариран нуклеарен материјал“, додаде таа.

Реакторот во близина на градот Арак беше погоден минатиот јуни кога Израел и САД нападнаа ирански нуклеарни објекти. Во тоа време, МААЕ соопшти дека градежните работи се уште се во тек и дека, следствено, таму не е присутен нуклеарен материјал.

Израелската војска го потврди нападот во петокот, наведувајќи ги повторените обиди на Иран да го обнови објектот по минатогодишните напади. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести