Македонија се задолжи за уште 97 милиони евра заем од Банката за развој на Советот на Европа

Република Македонија доби заем во висина од 97 милиони евра од Управниот одбор на Банката за равој на Советот Европа, пренесе МИА од Стразбур.

Заемот од 97 милиони евра, како што информиа амбасадорот на Република Македонија при постојаната мисија на Република Македонија во Советот на Европа Петар Поп Арсов, е доделен по барање на Владата на Република Македонија, а треба да послужи за продолжување на модернизацијата на здраствениот систем на земјата и подобар пристап до него.

Заемот ќе треба да биде искористен и за реновирање на клиниката „Мајка Тереза“ од Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип.

Овие проекти ќе го прошират простапот до здраствените услуги и нивен поголем квалитет, со подобрување  на условите за работа на околу 2.000 вработени во овие здрастевни установи.

Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) е мултилатерална банка за развој посебно на социјален плам. Таа беше создадена во 1956 година како одговор на проблемот со бегалците, таа потоа се прилагоди на еволуцијата на социјалните потреби на општествата и зајакнувањето на нивната социјална кохезија.

Заемите на ЦЕБ за проектите предложени од 41 земји членки се даваат по многу поволни услови и тие се следат во нивното извршување од страна на Банката.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести