Македонската женска ракометна репрезентација последна на турнирот „Трофеј Србија“

Со убедлив пораз од 20 голови разлика против домашната селекција, македонските ракометни репрезентативки денеска како последни го завршија Меѓународниот турнир „Трофеј Србија“ кој се одржуваше во Врњачка Бања. Конечниот резултат Србија – Македонија е 37:17 (полувреме 19:10).

За Македонија ова беше трет пораз во исто толку натпревари, а убедливата победа за Србинките беше доволна на крајот да го освојат трофејот.

На првиот дуел од 3.коло Ангола ја победи Хрватска со 29:26.
Хрватска со две победи и еден пораз го освои второто место, а Ангола со една победа и два пораза е трета.

Најчитани вести