Повеќе од 12 килограми марихуана се пронајдени и запленети во автомобил на 22-годишен македонски државјанин, кој освен дрога, во Хрватска илегално превезувал и двајца сонародници, соопшти денеска хрватската полиција.
Тројцата македонски државјани се приведени и со кривични пријави се предадени на Вуковарско-сремската полициска управа.
При претресот на автомобилот со словенечка регистрација, кој бил запрен по полноќ на автопатот Загреб-Липовац, дрогата е пронајдена во три патни торби. За двајцата патници во автомобилот било утврдено дека во хрватска влегле незкаонски, пренесува хрватската агенција Хина.
]]>


