Maкедонските близначки се копија на Адријана Лима, но пола Интерент ги навредува, мораа да го затворат профилот на Инстаграм

Деновиве актуелна тема на социјалната мрежа Х се близначките Андреа и Патриција од Македонија за кои многумина се заинтригирани од нивниот физички изглед, но и од сличноста со бразилската манекенка Адријана Лима. За овие млади девојки корисниците на социјалните мрежи немаат пофални зборови, тврдејќи дека изгледаат како „пластични кукли“, пишува Блиц.

Се чини дека ваквите коментари не им значат многу на атрактивните Македонки, со оглед на тоа што поради навредите го затворија профилот на Инстаграм. Но, за кратко време се предомислија и повторно нивната корисничка сметка стана достапна за љубопитните очи.

Можеби изгледа дека тие работат како манекенки, но напротив тие се занимаваат со нешто друго, иако хонорарно се занимаваат и со манекенство. Нивниот успех се должи на музиката што ја прават каде што се многу успешни. Андреа и Патриција сериозно ја тресат електронската музичка сцена како диџеј дуо „The Geors“.

Овие две дваесет и едногодишни девојки брзо станаа препознатливо име во светот на хаус и техно музиката, спојувајќи ја нивната страст за музиката и модата.

Освен во Македонија, тие се многу популарни во и во околните земји како Грција и Албанија, но нивниот талент и страст за музика го покажаа и во реномирани клубови низ светот како што е „Marquee Day & Night Club“ во Лас Вегас.

Андреа и Патриција се занимаваат со музика од детството; на шест години отишле во музичко училиште и почнале да учат пијано. Денеска велат дека музиката е нераскинлив дел од нивното битие и дека претпочитаат да се изразуваат преку уметноста.

„Не ни е лесно да го замислиме животот без музика, бидејќи тоа е она што го правиме и го допира целото наше битие. Дколку не се занимававме со музика, можеби ќе влезевме во светот на сликарството и визуелните уметности. Слободно може да се каже дека сепак ќе бевме во својство на некоја уметност“, изјавиле близначките за порталот „Плазма рекордс“.

Покрај музика, манекенство, визуелни уметности, овие две девојки студираат и компјутерско инженерство, па сигурно нема простор за критики, без разлика дали ви се допаѓа нивниот физички изглед или не. Тие се талентирани и образовани, а тоа е најважно.

Најчитани вести