Настапот на македонските тенисери на фјучрсот во Шарм Ел Шеик заврши денеска откако сите беа поразени.
Во поединечна конкуренција Томислав Јотовски во 2.коло загуби од носителот број 6 Италијанецот Енрико Бурзи. Двата сета Бурзи ги доби со 6:3 и 6:1 во гемови.
Во игра на двојки во четвртфиналето Стефан Мицов и Шендрит Деари загубија од Дмитро Баданов и Јан Сабанин од Русија со 6:1 во двата сета.
Македонските тенисери и следната недела ќе имаат настапи на фјучрс турнир во Египет.


