Пред бугарскиот конзулат во Битола колони македонски граѓани стрпливо чекаат во ред за поднесување документи за добивање бугарски пасоши, објави денеска Нова Македонија.
Стотици македонски граѓани, секојдневно поднесуваат документи за добивање бугарски пасоши, но освен од Битола, во бугарскиот конзулат доаѓаат и од Прилеп, Кавадарци, Охрид, Кичево и од Штип.
Најголемиот број од соговорниците со кои разговарале од Нова Македонија велат дека пасошот го земаат затоа што
немаат друг излез освен да ја напуштат Македонија и својата егзистенција да ја бараат во некоја од европските земји.


