Макрадули: Уценувањето на пратениците со бланко-оставките ги обединува сите кривични дела

Од многу материјали се плашам дека разговорот на Груевски и Бонева за активирање на оставките ќе падне во сенка да не речам заборав. Да баталиме пикантерии и трачеви, разговорот за активирање на оставките ги обединува сите кривични дела, тоа е најеклатантен пример за газење на Уставот. Ако сакаме да ја вратиме граѓанската контрола, мора да го зајакнеме парламентот. Таму со политичка воља навистина може да се контролира владата, механизми постојат. Секако не мислам дека враќањето во вакво Собрание е потребно, тоа никако, туку кога зборуваме за институции мораме да се фокусираме и на едно поинакво Собрание. Не знам ВМРО-ДПМНЕ дали ја научи лекцијата, дека кога се гуши Собранието, демократијата се преселува на улица. Уценувањето со оставките е најлесен за обработка од Јавното обвинителство и МОРА веднаш да се процесуира. Со тој чин ќе им се олесни и животот на оние кои оставките бланко ги потпишале…

Фејсбук статус на Јани Макрадули

 

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести