17- годишно момче загина во сообраќајна несреќа денеска околу 10:30 часот на патот Пробиштип- Ратевица. Сообраќајката се случила кога возилото во кое патувале 17-годишниот Александар К. и неговиот сопатник 16-годишниот М.М., се превртело поради неприлагодена брзина. Александар го загубил животот, а М.М. заработил повреди и бил хоспитализиран во штипската болница.
]]>


