Познатата актерка Деми Мур (61), која во последно време сè повеќе привлекува внимание со својот изглед, но не признава дека имала козметички корекции на лицето и телото, маѓепса со својот изглед на премиерата на филмот „The Substance“ во Лос Анџелес.

За оваа прилика таа одбрала свечен црвен фустан со интересен дезен, а на премиерата дојде со ќерките Рамер, Скаут и Талула, сите облечени во различни стилови.
Фустанот кој го носеше Деми Мур е долг и ја следи линијата на телото, а нејзините гради ги става во преден план поради нагласеното деколте.
Актерката имаше и посилна шминка, дискретен накит и пуштена, малку виткана коса, фризура со која често ја гледаме на јавни настани.


